Младиот ас не сака во Мадрид: „Јувентус е мојот Реал…“

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид во јануари ќе тргне по дефанзивен фудбалер, веројатно за бековските позиции.

Ситуацијата во Мадрид ја искомплицира тешката повреда на Дани Карвахал кој ја заврши сезоната, нестабилен е и Давид Алаба, а Едер Милитао сè уште не е целосно подготвен.

Поради тоа „кралевите“ во јануари ќе тргнат по бек или стопер. Една од опциите за дефанзивата е младиот бек на Јувентус, Андреа Камбијасо. 24-годишникот е на мета на Реал, меѓутоа делува дека самиот тој не е заинтересиран за таков трансфер.

Јувентус е мојот Реал Мадрид… Го продолжив договорот до 2029 година и сакам да останам тука што е можно подолго“, прокоментира Камбијасо на прашање за „кралскиот“ интерес.

Јувентус го купи Камбијасо од Џенова пред две сезони, мина една позајмица во Болоња и потоа почна да ги исплаќа вложените 13 милиони евра. Минатата сезона за „старата дама“ одигра 48 натпревари, даде седум гола и подели четири асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани