Осијек е еден од
неколкуте клубови кои во Хрватска функционираат беспрекорно добро, како на
организациски, така и на финансиски план, професионалното функционирање на клубот носи успеси и во Европа.
Хрватски „24часа“ излезе со наслов кој говори многу за тоа кој е кој во Осијек
Хрватскиот
прволигаш каде настапува македонскиот напаѓач Музафер Ејупи го мина швајцарски
Луцерн во второто квалификациско коло од Лига Европа, вчера во реваншот загуби
со 2-1, но домашната победа од 2-0 го носи чекор напред во Европа.
Токму нашиот
напаѓач во 72. минута од реваншот намали на 2-1 и ги сруши надежите на
домаќините. Ејупи постигна три погодоци во четири средби од Лига Европа за
Осијек, со тоа е клучен играч на својот тим.
Тимот имаше
поддршка од своите верни фанови и на гостувањето во Швајцарија, каде неколку стотина
навивачи на Осијек заедно со фудбалерите на својот омилен тим го прославија
пласманот во наредната рунда квалификации за Лига Европа.
Во третата рунда
квалификации за Лига Европа, Осијек ќе ги одмери силите со холандскиот гигант
ПСВ.
Фото-вест: NK
Osijek (Facebook)