Запознајте го Тракаи, литванскиот тим кој и стои на патот на Шкендија до плејоф рундата од Лига Европа

by
7 минути читање

Литванскиот
прволигаш Тракаи е новиот противник на Шкендија во квалификациите за пласман во
групната фаза од Лига Европа, поточно третата рунда.

Кој е Тракаи, тимот кој му стои на патот на Шкендија до плејоф рундата од квалификациите за Лига Европа?

Четири години
настапува во најсилното друштво во фудбалскиот шампионат на Литванија,
моментално е втор на табелата во тамошниот шампионад зад неприкосновениот
Жалгирис, така гласеше и конечниот расплет во ланската сезона.

Клубот е формиран
во 2005. година, во 2014. година влезе во елитното друштво на Литванија, веќе
наредната сезона заврши на втората позиција на табелата со што успеа да избори
пласман во Европа.

Тракаи своите
натпревари ги игра на „Ветра“ арената, која има капацитет да собера 5,500
гледачи, истата арена е превземена од страна на Литванската Фудбалска
Федерација по пропаѓањето на тимот Ветра, стадионот е со три нивоа според
категоризацијата на УЕФА.

Падна Норчепинг,
клубот испиша нови страници во својата историја

Тракаи е едно од
најпријатните изненадувања во квалификациите за Лига Европа, во никој случај не
смее да се потцени, за тоа дека имаат амбициозност говори и триумфот над мошне
квалитетниот шведски прволигаш Норчепинг, кој беше голем фаворит во двомечот со
Литванците во второто коло. И двете екипи обезбедија триумфи на домашен терен
пред своите навивачи со идентичен резултат 2-1, пенал серијата во Литванија
беше пресудна и го одведе Тракаи на мегдан со нашиот вицепрвак.

Голема радост кај
литванскиот прволигаш по пласманот во третата рунда квалификации од Лига
Европа, за нив историски подвиг
во нивната досегашна клупска историја.

Фото: fkt.lt




Тракаи од 2014. година се префрли на стадионот во Вилниус

Фото: fkt.lt

Очигледно дека и
литванскиот тим за момент ги почувствувал бараните услови од Европа околу настапите во клупските натпреварувања, но тоа прашање го реши во 2014. година, навремено.

Наместо на својот стадион со капацитет од 2.500 гледачи,
натпреварите на домашен терен, почнувајќи од 2014. година ги игра на терен на својот голем ривал, актуелниот тамошен шампион
и неприкосновен тим, Жалгирис, кој и во моментов е прв на табелата во
досегашниот циклус натпревари во Литванија.

Со тоа клубот од Литванија навремено го реши проблемот, со кој моментално се соочуваат македонските претставници во Европа.

Колку Тракаи е
подготвен да му парира на фаворитот Шкендија?

Литванците веќе
одиграа четири исцрпувачки натпревари во квалификациите за Лига Европа,
најнапред обезбедија две победи над шкотскиот претставник Сент Џонсон и со
вкупен резултат од 3-1 закажаа пресметка против Норчепинг во второто коло.

Дека Тракаи е
едно од најпријатното изненадување во квалификациите од Лига Европа нема
сомнение, но останува отворено прашањето колку Литванците имаат сили за ново
изненадување.

Нема сомнение
дека нашиот вицепрвак е физички одлично „поткован“, технички исто, се
забележува дека тетовските „црвено-црни“ газат се пред себе во Европа, и тука
нема никакви дилеми. Со оглед на тоа, пред себе Шкендија има нова шанса да се
најде во друштвото на „големите“ во Европа, односно во плеј-оф рундата во
квалификациите за Лига Европа.

Плеј-оф фазата ја
стигна лани, но таму беше сопрен од белгиски Гент. И покрај тоа што имаше
резултат кој ветува (пораз на гостувањето најнапред со 2-1), дома забележа
убедлив пораз од 0-4, но доби искуство на себе, кое може да излезе пресудно ова
лето.

Составот на
Шкендија во голема мера предничи во однос на Тракаи

Релевантниот
извор на информации во однос на споредба на екипи по нивната вредност на
трансфер пазаров вели дека целокупната вредност на составот на Шкендија е
значително поголема во однос на Тракаи.

Шкендија вреди 6,6
милиони евра, додека пак составот на Тракаи речиси тројно помалку, 2,3 милиони
евра.

Сепак, не би
требало да има опуштање во однос на оваа тема, ако се земе во предвид дека
составот на Норчепинг има вредност на трансфер пазарот која изнесува над 9
милиони евра.


Извор: transfermarkt.com

Русин и Либериец
се клучни играчи во редовите на Тракаи

Двоецот во офанзивата,
21 годишниот Русин Максим Максимов и 19 годишниот Либериец Оскар Дорли како
полушпиц, функционираат беспрекорно, нема сомнение дека тие ќе бидат
фудбалерите на кои ќе треба Шкендија да им обрне посебно внимание.

Но, факт е дека
затворање на просторот за претходните два фудбалери на Тракаи, ќе значи „хендикеп“
за Литванците, па тука нашиот вицепрвак треба да ја гледа својата шанса во
реализацијата на своите амбиции.

 

Шкендија има шанса
која мора да ја искористи
:
Ја
има фаворитската улога на себе, воедно и реваншот го игра дома

Постојат две
причини за тоа дека нашиот вицепрвак има шанса која не смее да ја пропушти,
првата е дека е фаворит во двомечот со Тракаи, втората е дека реваншот го игра
пред своја публика.

Првиот меч
Шкендија го игра на гости идниот четврток, додека пак реваншот го игра на 3
август на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани