Најплатени фудбалери на светот: Роналдо убедливо пред Меси!

by 24 фудбал
2 минути читање

Угледниот „Форбс“ објави интересен список со кој привлече огромно внимание, а тоа беше за најплатените фудбалери на светот.

Во истражувањето не се зборуваше само за платата од клубовите, туку и за спонзорските договори на играчите. На врвот убедливо е Кристијано Роналдо. Португалската ѕвезда заработува 220 милиони долари од Ал-Наср и уште 65 милиони од спонзори, за вкупни 285.

На второто место со двојно помали приходи е Лионел Меси. Кај него ситуацијата е поинаква, тој зема 60 милиони долари од Интер Мајами, а уште 75 од спонзорите (вкупно 135 милиони).

  • Листа на десет најплатени фудбалери:

Кристијано Роналдо – Ал Наср (285 милиони, 70 од клубот и 65 од спонзори)
Лионел Меси – Интер Мајами (135 милиони, 60 од клубот и 75 од спонзори)
Нејмар – Ал Хилал (110 милиони, 80 од клубот и 30 од спонзори)
Карим Бензема – Ал Итихад (104 милиони, 100 од клубот и 4 од спонзори)
Килиан Мбапе – Реал Мадрид (90 милиони, 70 од клубот и 20 од спонзори)
Ерлинг Халанд – Манчестер Сити (60 милиони, 46 од клубот и 14 од спонзори)
Винициус Жуниор – Реал Мадрид (55 милиони, 40 од клубот и 15 од спонзори)
Мо Салах – Ливерпул (53 милиони, 35 од клубот и 18 од спонзори)
Садио Мане – Ал Наср (52 милиони, 48 од клубот и 4 од спонзори)
Кевин Де Брујне – Манчестер Сити (39 милиони, 35 од клубот и четири од спонзори)

На списокот доминираат фудбалерите кои не настапуваат во Европа, односно главно играат во Саудиска Арабија и Меси во САД.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани