Измамник за малку ќе и „стопел“ 1 милион евра на Барселона при трансферот на Левандовски

by bojan
2 минути читање
Левандовски

Барселона била жртва на измамник при трансферот на Роберт Левандовски и малку фалело „каталонците“ да останат без 1 милион евра.

Медиумите од Шпанија објавија дека измамник за малку ќе и „стопел“ 1 милион евра на Барселона.

Летото во 2022, откако бил комплетиран трансферот на Роберт Левандовски, директорите на Барселона добиле мејл од агентот Пини Захави со инструкции да биде префрлен 1 милион евра на сметка во Банка на Кипар.

Оваа сума требала да биде исплатена на лицето Мајкл Герардус Херманус Демон, кој бил претставен како адвокат кој често соработувал со Пини Захави при трансфери на фудбалери.

Па со оглед на тоа дека барањето пристигнало од точниот мејл на Пини Захави, „каталонците“ без размислување ја реализирале трансакцијата.

Сепак, алармите биле вклучени кај Банка на Кипар, и службите ја блокирале трансакцијата бидејќи преставувала „висок ризик“.

На банката и било сомнително тоа што сметката била отворена краток период, немало никакви трансакции претходно и не биле приложени никакви докумети со кои се правда оваа висока трансакцијата.

Лице кое се преставувало како Пини Захви стапило во контакт со банката и вршело притисок за парите конечно да легнат на сметката, во еден од мејловите пишувало, „Демон е наш посредник во фудбалски трансфери и оваа е делот кој му следува од трансферот на Роберт Левандовски во Барселона“.

Банката сепак не подлегнала на притисокот, парите никогаш не биле префрлени па сметката била затворена во октомври 2022 година. Истрагата покажала дека Пини Захави и Мајкл Герардус Херманус Демон биле жртви на гражба на идентитет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани