125
Тракаи по подоброто изведување на пенали го елиминира Норчепинг и закажа пресметка со Шкендија.
Норчепинг на свој терен победи со 2-1, но со истиот резултат заврши и дуелот во Литванија, па пеналите го решаваа патникот во следното квалификациско коло.
Литванскиот тим биеше беспрекорно од белата точка, ги погоди сите пет пенали, за разлика од Норчепинг кој промаши еден.
Првиот натпревар помеѓу Тракаи и Шкендија се игра на 27. јули во Литванија, реваншот е седум дена подоцна во Македонија.