Пол Погба синоќа изрази желба повторно да го облече дресот на Јувентус, но „старата дама“ не сака да слушне за враќање на Французинот, па ако треба ќе завршат и на суд.
Пол Погба синоќа подели неколку интервјуа за медиуми од Италија, Англија, САД и Франција за да ја одбележи правната битка пред судот за Спортска арбитража и тоа што му беше намелена казната за допинг.
Французинот ќе може да се врати на терените во март 2025, и тој во сите интервјуа нагласуваше дека е играч на Јувентус и сака повторно да го облече дресот на „старата дама“.
Сепак, раководството на Јувентус не сака да слушне за враќање на Пол Погба во тимот, тие сметаат дека фудбалерот веќе го одиграл последниот натпревар за клубот.
И покрај тоа што Пол Погба рече дека е подготвен да прифати помала плата, „старата дама“ не е заинтересирана за вакво сценарио и во следниот период ќе се обиде да пронајде договор со играчот за прекин на соработката на взаемна согласност.
Доколку двете страни не пронајдат заеднички јазик, Јувентус е подготвен еднострано да го прекине договорот и да завршат на суд.