139
Лука Модриќ има неверојатни бројки кога е Хрватска во прашање, тој против Полска го одигра 182. натпревар за националниот тим.
Откако Хрватска е самостојна држава, таа има одиграно вкупно 363 натпревари, а Лука Модриќ учествувал на 182 од нив. Тоа значи дека тој настапил на повеќе од половина од тие мечеви.
Модриќ претходно го надмина Серхио Рамос по бројот на натпревари за националниот тим, но далеку напред е Кристијано Роналдо со 215 меча за Португалија.