Пол Погба вели дека сака повторно да го облече дресот на „старата дама“, сака да го убеди Тијаго Мота да му укаже прилика и порача дека е подготвен да се откаже од пари за нова шанса во Јувентус.
Пол Погба доби четири години суспензија поради позитивен допинг тест на стартот од минатата сезона, но ќе може да се врати на терените во март откако Судот за спортска арбитража му ја намали суспензијата на 18 месеци.
Останува да се види дали ќе истрча на терените во дресот на Јувентус, или некој друг клуб, често се пишува дека „старата дама“ сака да ја прекине соработката со Французинот.
Во разговор со Газета дело Спорт, Пол Погба сега порача дека е подготвен да се откаже од пари за нова шанса во Јувентус и сака да го убеди Тијаго Мота да му укаже прилика.
„Сите ќе видат еден нов Погба – погладен, помудар и посилен“ – вели фудбалерот од средниот ред.
„Напорно тренирав и подготвен сум да се вратам во нормала во 2025. Имам само една желба – да играм фудбал“.
„Фокусиран сум само на тоа повторно да играм во дресот на Јувентус. Во моментов сум фудбалер на Јувентус, и само тоа ми е на ум“.
„Сакам да говорат моите дела на теренот и Тијаго Мота ќе може да ме види и да суди со сопствени очи. Не сум разговарал со него, но има време“.
„Подготвен сум да се откажам од пари за да играм со Јувентус. Сакам да се вратам“.