78
Натпреварот помеѓу Тиквеш и Шкендија кој треба да се игра во рамките од 10. коло во викендот кој следи ќе биде одигран во Штип.
Со овој натпревар и завршува суспензијата на стадионто во Кавадарци, па така Тиквеш во наредниот натпревар ќе игра дома.
Тиквеш по натпрвеарот со Вардар беше казнет со суспензија на стадионто од два натпревари и првиот го одработи со ремито против Силекс 0:0, додека со Шкендија ќе биде вториот.
Натпреварот помеѓу Тиквеш и Шкендија се игра в недела во терминот од 14:00 часот, како и останатите дуели.