Манчестер јунајтед ќе го враќа играчот кој летоска го продаде за 6 милиони евра?!

by bojan
1 минути читање
Алваро Карерас

Медиумите од Португалија пренесуваат дека Манчестер јунајтед размислува да ја активира опцијата со која можат да го вратат Алваро Карерас за 20 милиони евра.

Во јануари месец, Манчестер јунајтед го испрати Алваро Карерас на позајмица во Бенфика, а изминатово лето „орлите“ ја искористија опцијата во целост да го купат левиот бек за 6 милиони евра.

21 годишниот Шпанец прикажува добри партии, па во последно време се говори дека неговото име е во бележникот на клубови како Барселона, Реал Мадрид и Ливерпул.

Неговата ситуација ја следи и Манчестер јунјатед, се шпекулира дека „ѓаволите“ имаат опција први да го ангажираат Алваро Карерас и тоа по поповолни услови.

Клубот од Олд Трафорд може да врати левиот бек во своите редови за 20 милиони евра, и Манчестер јунајтед сериозно размислува за една ваква зделка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани