187
Фарски Острови и Летонија ремизираа 1-1, тоа е резултат кој ја носи Македонија уште еден чекор поблиску до заверка на првото место во групата.
Само една луда теорија која изгледа невозможно може да ѝ го одземе првото место на Македонија.
По четири одиграни кола ние сме први со 10 бода, Ерменија и Летонија имаат по 4, а Фарски Острови 3.
Летонија е единствената селекција која остана со теоретски шанси да ни го земе првото место. Но тие шанси не се реални во праксата. Летонците ќе треба да извојуваат победа од четири разлика против Македонија во Скопје и да ја победат Ерменија на свој терен за да дојдат до првото место.