Барди: Од дете сонував да играм во Шпанија, би сакал да станам голем играч како Кристијано Роналдо

by
2 минути читање

Енис Барди
попладнево беше презентиран како трето засилување на Леванте, репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ започнува нова авантура и во иднина ќе настапува во Примера.

Тој откри дека
преговорите со клубот од Валенсија започнале кога бил во Полска со младата
репрезентација на Македонија на Европското првенство.

Желба му била да
игра во најсилното првенство на Шпанија, па не се двоумел многу кога
пристигнала понудата.

„Сакам да му се
заблагодарам на Леванте за оваа шанса, сон ми беше да играм во Шпанија и
Леванте ми овозможи да настапувам во најдоброто првенство во светот”
– вели
Барди.

„Понудата
пристигна кога играв на Европското првенство во Полска”.

Запрашан на која
позиција најдобро се снаоѓа, Барди вели: „Можам да играм на неколку позиции во
средниот ред, но се гледам себеси како офанзивен играч и сакам да играм
поблиску до противничкиот шеснаесетник и во позиции од кои можам да шутирам”.

За тоа кој е
негов идол, Македонецот вели: „Омилен играч ми е Роналдо, постигнува многу
голови и работи напорно секој ден”.

„Можеби еден ден
ќе станам голем играч како Кристијано Роналдо”
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани