Пред Вардар се уште најмалку четири европски натпревари и милиони евра во клупската каса

by
1 минути читање

Вардар повторно ја радува Македонија, овој пат тоа го прават фудбалерите. Тие одиграа одличен меч во Струмица на стадионот „Младост“ го победија Малме со 3-1 и изборија пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Победата над Малме на Вардар му носи најмалку уште четири европски натпревари. Ќе следуваат два со ФК Копенхаген во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а резултатот од нив ќе ја покаже следната патека за Вардарци. Доколку го елиминираме и Копенхаген ќе играме во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Доколку бидеме поразени од данскиот тим, ќе играме во плеј-офот во Лига Европа.

Денешниот триумф значи и полна клупска каса, со самото учество во квалификациите Вардар имаше заработено 580.000 евра, а дуелите со Копенхаген ќе донесат уште 420.000 евра. Во зависност од тоа дали ќе игра во плеј-офот од Лига на шампиони или Лига Европа, Вардар ќе заработи дополнителни средства и сето тоа е само од УЕФА. На оваа сума ќе се додадат и парите од ТВ права, маркетинг, продадени влезници за натпреварите…

Ваквото лето кое посакуваме да премине и во европска есен ќе донесе убава заработка за клубот кој полека зачекорува во посакуваната насока.

Фото: Кочо Сотировски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани