Екипата на Јувентус од Торино повторно се придружи на Европска клупска асоцијација (ЕЦА) која ја напушти кога предводен од Андреа Ањели го започна проектот за основање на Суперлига.
„Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Јувентус во нашаето семејство. Од сега сите елитни клубови во повеќе од 20 земји се членови на ЕЦА“, изјави извршниот претседател на Насер Ал Калифи кој исто така е сосптвеник на ПСЖ.
Јувентус беше еден од 12. Клубови кои во април 2021 година објавија дека сакаат да започнат Суперлига. УЕФА се спротистави, но проектот повторно започна откако во 2023 година беше утврено дека Европската куќа на фудбалот нема право да казнува за учество во други натпреварувања.
Промотерот на Суперлига „А22 Спортс Менаџмент“ се уште работи на проширување на овој проект кој е отворен за 64 клуба.