Македонските фудбалери до 19 години денеска со реми го започнаа турнирот во Луксембург на кој играат за пласман во елитната фаза од квалификациите. Нашите надежи ремизираа со селекцијата на Летонија 1-1.
Во првото полувреме не видовме погодоци, а двата беа постигнати во вториот дел. Прво Летонија дојде до водство со погодокот на Мицкевич, додека ние 15-тина минути подоцна преку Матеј Гаштаров кој погоди од пенал дојдовме до 1-1.
До крајот на средбата не видовме погодоци, па двете селекции ги поделија бодовите.
Покрај Летонија во нашата група се уште Словачка и домаќинот Луксембург. Во следното коло ќе се соочиме со Словачка која денес беше подобра од Луксембург со 2-1. Тој натпревар се игра в недела исто така од 18:00 часот.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА: Вргов, Љубевски (Ислами), Мелиќи, Незир, Велков (Крстевски), Гаштаров, Ристовски (Подраѓа), Манојлов, Елмас (Љатифи), Младеновски, Данев.