Барселона должи речиси 150 милиони евра на неколку клубови

by bojan
1 минути читање
Барселона

Според финансискиот извештај на Барселона за годината 2023/24, „каталонците“ должат речиси 150 милиони за трансфери на играчи како Левандовски, Рафиња, Торес и Кунде.

Барселона должи 45 милиони евра на краток рок, и уште 102,6 милиони евра на долг рок за фудбалери кои беа ангажирани изминативе години.

Најмногу пари се должат за трансферот на Рафиња, на Лидс треба да бидат исплатени уште 42,559 милиони евра.

На второто место е трансферот на Жил Кунде, на Севиља треба да и бидат исплатени уште 26 милиони евра.

За Феран Торес на Манчестер Сити треба да му бидат исплатени уште 24,5 милиони евра, а на Баерн Минхен за Роберт Ленаводски треба да му бидат исплатени уште 21 милиони евра.

Барселона исто така чека пари од фудбалери кои ги продаде, но оваа сума е значително пониска и изнесува 23 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани