Погба е блиску до наоѓање на нов клуб!

by riste
1 минути читање

Пол Погба од јануари може да почне да тренира во клуб, а од март да почне да игра на официјални натпревари, но тоа нема да биде во Јувентус.

Јувентус и Погба наскоро ќе го раскинат договорот и тој како слободен играч ќе си бара нова средина.

Последните информации велат дека Погба е во напредни преговори со Марсеј и најверојатно тоа ќе биде неговиот следен клуб.

Ангажманот треба брзо да биде официјализиран откако тој ќе го раскине договорот со Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани