141
Трагичната вест доаѓа од Маритуба, северот на Бразил, во пресретлка бил убиен младиот фудбалер Рикардињо.
Тој бил фудбалер на Клубе до Ремо, клубот од Белем кој игра во бразилската Серија Ц. Клубот ја потврди трагичната вест.
„Со голема болка сите во клубот длабоко жалат за трагичната загуба на 22-годишниот Рикардињо. Рикардињо го направи своето професионално деби во јануари 2023 година. Неговото заминување остава празнина во срцата на сите кои го познаваа и се восхитуваа на неговиот талент на теренот. Нека Бог ги утеши срцата на неговото семејство и пријателите во овој момент“, стои во соопштението.