Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер се повреди и ќе мора да оди на повеќенеделна пауза, црвените имаат уште еден голман од светски ранг, но тој е во Валенсија, Мамардашвили.
Алисон Бекер се повреди во текот на второто полувреме од мечот со Кристал Палас. Врз него беа направени бројни прегледи кои потврдија дека ќе мора да биде во аут најмалку шест недели.
Ова е удар за Ливерпул бидејќи Бразилецот би можел да се врати дури во текот на декември, а распоредот им е прилично тежок.
Ливерпул ова лето го купи Мамардашвили од Валенсија, но го остави на едногодишна позајмица во шпанскиот клуб.
Сега не се исклучува можноста Ливерпул да побара од Валенсија да го добие Мамардашвили уште во јануари. Се ќе зависи од тоа во каква форма ќе се врати Алисон по повредата. Црвените би можеле и превентивно да посегнат по порано ангажирање на Грузиецот за пак да не се доведат во ваква ситуација на пролет кога ќе се води главната битка за трофеите.
Еден ваков потег на Ливерпул ќе му отвори можност на Столе Димитриевски конечно да застане меѓу стативите од голот на Валенсија.