124
По крајот на оваа сезона од спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристан ќе замине од англискиот клуб.
Бегиристан во Манчестер Сити пристигна на 28 октомври 2012 година, во негово време клубот седум пати беше шампион на Англија и ја освои Лигата на шампионите.
Токму тој беше главниот човек кој го убеди Пеп Гвардиола да стане тренер на Манчестер Сити.
Бегиристан истата функција ја извршуваше во Барселона од 2003 до 2010, таму соработуваше со Гвардиола, па Пеп не размислуваше многу кога беше повикан да биде тренер на Сити.
Одлуката за замнување на Бегиристан била одамна донесена, раководството на Сити веќе извесно време знае дека тој ќе го напушти клубот.