78
Веќе нема дилеми, Барди во следната сезона ќе настапува во Примера, денеска откако ги помина медицинските прегледи стави потпис на договор со Леванте.
„Леванте и Ујпешт постигнаа согласност за трансфер на фудбалерот Енис Барди кој потпиша договор со нашиот клуб до 2020 година со опција за продолжување на уште две години“ – стои во соопштението на Леванте.
Македонскиот репрезентативец утре во 17 часот и официјално ќе биде презентиран пред шпанските медиуми.
На официјалниот сајт Леванте објави и видео со моменти од настапот на Барди на Европското првенство во Полска: