Манчестер Сити не бил сам во битката против Премиерлигата и оспорувањето на правилата за „Трансакции помеѓу поврзани страни“, поддршка на „граѓаните“ им дале Њукасл, Челси и Евертон
Манчестер Сити издвојува важна правна битка против Премиерлигата, независен панел денеска одлучи дека правилата за „Трансакции помеѓу поврзани страни“ се противзаконски.
Претходно беше објавено дека осум клубови застанале на страна на Премиерлигата и понудиле докази против „граѓаните“, станува збор за Манчестер јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Вест Хем, Брентфорд, Борнмут, Фулам и Вулверхемптон.
Сепак, имало и такви кои му дале поддршка на Манчестер Сити, на страна на актуелниот шампион застанале Њукасл, Челси и Евертон.
За Њукасл не е изненадување, правилата за „Трансакции помеѓу поврзани страни“ беа имплементирани откако Саудиска Арабија стана газда на клубот од Сент Џејмс Парк.