Џабе 8 клубови застанаа зад Премиерлигата, Манчестер Сити издвојува важна битка

by bojan
1 минути читање
Манчестер Сити

Манчестер Сити издвојува важна битка против Премиерлигата, независен панел одлучи дека правилата за „Трансакции помеѓу поврзани страни“ се противзаконски.

Минатиот месец, голем број на извори од „острвото“ објавија дека Манчестер Сити добил важна правна битка против Премиерлигата, а информациите попладнево и официјално беа потврдени.

Независен панел одлучил дека правилата за „Трансакции помеѓу поврзани страни“ се противзаконски.

Со овие правила (се донесоа откако Саудиска Арабија го купи Њукасл) се регулираат спонзорските договори помеѓу клубот со компаниите кои имаат поврзаност со клубот (исти сопственици), и целта е да не можат да се „пумпаат“ овие спонзорските договори, односно тие да бидат по фер пазарна цена.

Но независен панал одлучи дека овие правила се спротивни на законот за конкурентност, па сега Манчестер Сити може да бара оштета и во иднина да ги прави договорите како што нив им одговара.

Во пресудата исто така беше откриено дека осум клубови застанале на страна на Премиерлигата и понудиле докази против Манчестер Сити, а тоа се: Манчестер јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Вест Хем, Брентфорд, Борнмут, Фулам и Вулверхемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани