114
Фиорентина вчера со 2-1 го победи Милан, а играч на мечот беше Давид де Хеа кој одбрани два пенали, но имаше и неколку други фантастични интервенции.
Де Хеа вчера на светот му покажа дека е во голема форма и не е ништо послаб од неговите најдобри денови.
„Верувајте ми, тој уште е ѕвер. Давид де Хеа уште е голман од светска класа, го видовме тоа“, вели тренерот на Фиорентина, Рафаеле Падалино.
„Можеме да видиме зошто е шампион, вистински. Треба да му се заблагодаруваме секој ден, тој е топ голман, пример за другите“.
Де Хеа е првиот голман кој по пауза од девет години одбранил два пенали на еден натпревар од Серија А.
Му одбрани удар на Тео Ернандез, а потоа и на Тами Абрахам.