544
Македонскиот фудбалски репрезентативец е на пат за Истанбул и наскоро треба да го комплетира трансферот во Фенербахче, пишуваат турските медиуми.
Интересот за 17-годишниот Елмас беше голем, па Фенербахче со цел да го убеди да потпише за нив го искористил и Перо Антиќ кој го убедувал фудбалерот дека прави вистински потег.
Елмас на голема сцена се промовираше на квалификацискиот дуел против Шпанија кога во второто полувреме имаше импресивен настап, а беше одличен и на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година.
Иако за него имаше интерес и од неколку големи клубови од западна Европа како Борусија Дортмунд, Бенфика и Манчестер Сити, тој се одлучи за трансфер во Турција.
Фото: Кочо Сотировски