57
Во договор со раководството и тренерот на тимот, беше одлучено Енис Барди да не настапи за Ујпешт на натпреварот против Пакс кој заврши 2-2.
Интересот за македонскиот репрезентативец е голем и се очекува тој летово да потпише за многу поголем клуб.
По импресивните настапи на Европското првенство до 21 година, неколку клубови загризаа за нашиот фудбалер, како најспоменувана дестинација е Леванте, но интерес има и од Борусија Дортмунд, Штутгар, Динамо Загреб и клубови од Турција.
Иако до крајот на преодниот рок има уште месец и половина, се очекува до крајот на јули да биде познат новиот клуб на Барди.