Погба: Конечно, кошмарот заврши!

by riste
1 минути читање

Пол Погба излезе со првата изјава откако доби големо намалување на суспензијата и веќе од март ќе може повторно да игра фудбал.

Погба од четири години доби намалување на суспензијата на 18 месеци. Од јануари ќе може да тренира со соиграчите од Јуве, а од март ќе може и да настапува.

Францускиот фудбалер излезе со првата изјава по добрата вест за него.

„Конечно, кошмарот заврши. Можам да гледам кон денот кога повторно ќе можам да го следам мојот сон. Отсекогаш велев дека никогаш свесно не сум ги прекршил анти-допинг правилата, играм со интегритет и сакам да му се заблагодарам на Судот за Спортска Арбитража кој го слушна моето објаснување. Ова беше многу стресен период за мене бидејќи се што работев напорно беше ставено на пауза. Ви благодарам на сите за љубовта и подршката. Не можам да дочекам да се вратам на теренот“, изјави Погба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани