УЕФА го осуди нападот врз Муамет Сејдини, наскоро ќе испрати делегација во Македонија

by bojan
1 минути читање
УЕФА

Европската куќа на фудбалот попалднево со кратко соопштение го осуди нападот врз претседателот на ФФМ, Муамет Сејдини и најави дека ќе испрати делегација во Македонија со цел да ја осигура независноста на Фудбалската федерација.

Минатата недела, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамет Сејдини беше нападнат од три лица.

И додека полицијата истражува што се крие зад инцидентот, попладнево реагираа од УЕФА.

Европската куќа на фудбалот го осуди нападот врз претседателот на ФФМ, и ги повика властите да спроведат брза и темелна истрага.

УЕФА, заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следи ситуацијата, ќе се погрижи да нема никакви притисоци и мешање во работата на Фудбалската федерација, и постојано ќе прави проценки дали ќе треба да се повлечат дополнителни потези.

Исто така, делегација на УЕФА и ФИФА наскоро ќе пристигне во Македонија на средба со спортските и фудбалските челници, со цел да се осигура независноста на Фудбалската федерација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани