98
Арсенал со 2-0 го победи ПСЖ во вчерашниот меч од Лигата на шампионите, а Букајо Сака кој беше еден од стрелците ја носеше капитенската лента и беше играч на мечот.
Во соблекувалната пред да излезат на теренот тој како капитен го имал мотивациониот говор.
„Кога им зборував на момците во тимскиот говор пред натпреварот им реков: вечерва треба да испратиме голема порака“, вели Сака.
„Го немавме покажано целиот квалитет во Европа против големи противници, вечерва го направивме тоа.. но треба истото да го направиме и на гостински терен“.