Ван Бастен: Идиотски е колку инвестира Тен Хаг во фудбалери кои не се добри

by riste
1 минути читање

Легендата на холандскиот фудбал, Марко ван Бастен го нападна својот сонародник, Ерик тен Хаг за работата која стратегот ја врши во Манчестер јунајтед.

Иако веќе потроши огромни пари за реновирање на тимот, Тен Хаг никако да го стабилизира Манчестер јунајтед, напротив, постојано се случуваат резултатски разочарувања.

Многумина се чудат како уште Тен Хаг е тренер на Манчестер јунајтед. Еден од оние кој критикува е и Ван Бастен.

„Го гледам Јунајтед и го забележав тој новиот играч како се шета. Мануел Угарте, платен 50 милиони евра. Идиотски е колку инвестира Тен Хаг во фудбалери кои воопшто не се добри. Кажете ми барем еден врвен играч во Манчестер Јунајтед. Во секој клуб има барем еден таков, освен во Јунајтед. Рашфорд е лош, Бруно Фернандес е добар, Онана добар и тоа е тоа. Касемиро е готов, Гарначо солиден, но клубот нема ѕвезда во тимот“, рече Ван Бастен.

По шест кола од Премиер лигата, Јунајтед се наоѓа на 13. позиција на табелата со само седум бода, осум помалку од лидерот Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани