Флик има порака до Шчесни: Тука никој нема загарантирано стартно место, ова е Барса!

by riste
1 минути читање

Наскоро се верува дека Барселона ќе го комплетира ангажманот на Војчех Шчесни кој ја прекинува пензијата за да потпише за каталонскиот клуб кој се најде во незавидна позиција по повредата на Тер Штеген.

Се пишуваше дека условот на Шчесни да го потпише договорот е да биде стартен голман на Барселона, но Флик вели дека не може да му го гарантира тоа.

„Дали Шчесни доаѓа за да биде стартер? Не зборувам за фудбалери кои не се дел од составот. Тука нема загарантирани места за стартери. Ова е Барса“, рече тренерот Ханси Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани