Поранешен италијански фудбалер пронајден мртов во хотелска соба, имаше само 43 години

by riste
1 минути читање

Поранешниот играч на Каљари, Андреа Капоне бил пронајден мртов во хотелска соба, информираат италијанските медиуми, причината за смртта уште не е позната.

Капоне бил пронајден со повреди на вратот, па така се сомнева дека починал по некаков пад. „Газета“ пренесува дека фудбалерот претходната ноќ ја поминал со своето друштво на журка во ноќен клуб, а наредното утро починал.

Брзата помош пристигнала и се обидела да го реанимира, но за жал можеле само да констатираат смрт. Отворена е и истрага од полицијата.

Капоне својата фудбалска кариера ја заврши во 2010 година, а покрај Каљари каде што остави најдлабока трага играше за Тревисо, Виченца, Гросето и Салернитана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани