Големото дерби на Мадрид изобилуваше со тензија, а кулминацијата се случи кога Куртоа ги испровоцира навивачите на Атлетико кои почнаа да фрлаат со предмети кон него по што следуваше краток прекин на мечот.
На прес-конференцијата по натпреварот Диего Симеоне кажа нешто за што тој воопшто не е пример.
„Ќе се случува повторно, но мора да направиме да не се случува, клубовите мора да се обидат да не дозволат вакви работи да се случуваат. Се надевам дека ќе може да ги казниме и оние кои провоцираат и напаѓаат“, Симеоне.
„Кога Куртоа беше наш фудбалер фрлаа запалки кон него на Бернабеу. Може да го славите голот, но не со провокации кон фановите или правење на гестикулации кон нив“.
Стратегот на Атлетико Мадрид важи за еден од најголемите провокатори, таков е и како тренер, а таков беше и како фудбалер.
Симеоне како тренер:
Симеоне како фудбалер: