Предводникот на Арсенал, Микел Артета, по победата над Лестер (4-2) доби прашање да го прокоментира односот со Пеп Гвардиола.
По минатонеделното дерби тензиите беа на високо ниво. Пеп даде изјава со која се обрати и на Артета, а сега Шпанецот реши да одговори. Тој нагласи дека го почитува неговиот поранешен ментор и стручниот штаб во кој работеше.
„Го сакам и го почитувам Пеп. Му се восхитувам уште откако имам 10 години. Го почитувам навистина, многу сум благодарен поради сè што направи за мене. Ако некој сака да го наруши нашиот однос, тоа не е во мои раце. Гвардиола знае, неговиот стручен штаб знае што чувствувам, бидејќи и понатаму зборуваме и сме во контакт“, изјави Артета.
Манчестер Сити и Арсенал по шест рунди се израмнети на табелата со по 14 бода, со по четири победи и две ремија. Водечки е Ливерпул кој има бод повеќе.