118
Борусија Дортмунд во ефикасен натпревар слави против Бохум со 4-2 на стартот на петтата рунда во Бундеслигата.
Гостинот на жешкиот терен на „Сигнал Идуна Парк“ успеа да дојде до водство од 0-2. Со погодоците на Беро и Де Вит екипата на Бохум го изненади фаворитот поведувајќи во неговиот дом.
Тоа беше знак за будење на Борусија Дортмунд. Пред полувремето погодок постигна Серху Гираси кој намали на 1-2, а потоа во продолжението од пенал погоди Емре Чан за 2-2 во 62. минута.
Со два гола во шест минути Борусија успеа да дојде до водство од 4-2, а стрелци беа Гираси и Феликс Нмеча.