Нејмар: За мене нема подобар, Винициус е пример и треба да ја добие Златната топка!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилската ѕвезда Нејмар доби прашање за својот сонародник Винициус Жуниор, поврзано со потенцијалното освојување на Златната топка.

Асот на Реал Мадрид е меѓу првите кандидати, ако не и првиот за ова престижно лично признание. Нејмар смета дека Винициус е пример за останатите и секако го заслужува признанието.

Секако дека Винициус е фаворит за освојување на Златната топка. За мене нема подобар кандидат. Тој стана пример за сите нас. Заслужи да го добие ова признание бидејќи е борец. Вини многу патеше во текот на својот живот, но ги надмина сите очекувања и критики. Би сакал да ја добие Златната топка“, изјави Нејмар.

Веќе се појави и инсајдерска информација во Шпанија дека Винициус ќе биде одбран за најдобар фудбалер за 2024 година.

Златната топка ќе биде доделена на 28 октомври во Париз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани