Жозе Мурињо откри зошто не се појавил пред медиумите по поразот на Фенербахче од Галатасарај, вели дека не можел да чека 70 минути за да заврши пресот на неговиот колега Окан Бурук.
„Специјалниот“ минатата недела го доживеа првиот пораз во Турција, Фенербахче на домашен терен загуби од лутиот ривал Галатасарај.
Португалецот не се појави пред натпреварите и доби парична казна. Тој сега појаснува дека не можел да чека 70 минути за да заврши пресот на неговиот колега Окан Бурук.
„Тренер сум 24 години и никогаш не сум избегал од прес конференција или од прашања на новинарите“ – вели Жозе Мурињо.
„Требаше да чекам пред врата бидејќи не ме пуштаа. Разбирам дека тренерот на гостите се појавува прв на прес, но има лимит“.
„Чекав 70 минути тој ден. Не покажав непочитување кон никого, напротив, беше покажено непочитување кон мене“.