Шчесни треба да му плати на Јувентус ако сака да брани во Барса

by bojan
1 минути читање
Шчесни

Јувентус го има последниот збор за можната преселба на Војчех Шчесни во Барселона, голманот треба да ја компензира „старата дама“ доколку се врати од пензија.

Во последно време се почесто се говори дека Војчех Шчесни е изборот на Барселона за ангажман на нов голман по тешката повреда на Марк андре тер Штеген.

Сепак, за да се реализира една ваква зделка, Јувентус треба да даде зелено светло.

Имено, кога двете страни на взаемна согласност го раскинаа договорот, Војчех Шчесни добил околу 6 милиони евра во форма на компензација.

Полјакот исто така се обврзал да му плати на Јувентус околу 2 милиони евра доколку реши да се врати од пензија, и токму сега ова е главен проблем.

Јувентус добил предлог за да даде амин за преселба на Војчех Шчесни, но обесштетувањето е пониско од договорената сума и ќе биде потребен компромис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани