248
„Топчиите“ се во незавидна ситуација пред дуелот против Болтон во Лига Купот и можно е на гол да стават 16 годишниот Џек Портер.
Микел Артета и Арсенал имаат мака пред натпреварот против Болтон во Лига Купот.
Првиот голман, Давид Раја се жали на ситна повреда по пресметката против Манчестер Сити и ова ги става „топчиите“ во незавидна позиција.
Имено, вториот голман Нето веќе играше во Лига Купот со Борнмут и сега нема право за настап во дресот на Арсенал.
Третиот голман, Томи Сетфорд е повреден и не може да помогне.
Па доколку Давид Раја не стисне заби, на голот ќе треба да застане 16 годишниот Џек Портер, кој со недели тренира со првиот тим.