Падна договор, газдите на Рома ќе станат сопственици и на Евертон

by bojan
1 минути читање
Евертон

Газдите на Рома, семејството Фридкин постигна договор за купување на Евертон во зделка вредна околу 500 милиони евра.

Евертон подолго време е на продажба, и по неколку пропаднати обиди, денеска пристигна информација дека паднал договор за реализирање на зделка вредна околу 500 милиони евра.

Семејството Фридкин, преку нивната групација Фридкин, си подале рака со Блу Хејвен Холдингс за купо-продажба на мнозинскиот пакет акции во Евертон.

Трансакцијата сега треба да биде одобрена од Премиерлигата, од ФА и од телото за финансиска регулација на Велика Бриталија.

Семејството Фридкин веќе е газда на Рома и се верува дека купувањето на Евертон во моментов нема да има никакво влијание, тие и понатаму ќе останат посветени на проектот на „волчицата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани