Барселона со убедливи 5-1 победи на гостувањето кај Виљареал, тоа е нивната највисока победа на овој стадион, црна дамка во триумфот е повредата на првиот голман, Марк Тер Штеген.
Во првото полувреме имаше шоу на Левандовски, тој во 20. минута го отвори резултатот, а 15 минути подоцна погоди за 2-0.
Виљареал со гол на Перез во 38. минута намали на 2-1 и се врати во игра.
Пред крајот на првото полувреме Тер Штеген се повреди и мораше да го напушти теренот, повредата изгледаше сериозно. На негово место влезе Инаку Пења.
Во вториот дел Торе во 58. минута даде гол за предност на Барса од 3-1.
Левандовски пропушти да постигне хет-трик, напаѓачот промаши пенал во 66. минута.
Но, следуваше крај во знакот на Рафиња кој најпрво во 75. минута зголеми на 4-1, а осум минути подоцна ги постави конечните 5-1.