Нема веќе полуфинале, Реал Мадрид ќе игра директно во финалето на Интерконтиненталниот куп во Доха!

by riste
1 минути читање
Родриго

ФИФА донесе одлука европскиот шампион, во овој случај Реал Мадрид да игра директно во финалето на Интерконтиненталниот куп кој ќе се одржи во Доха.

Претходно европскиот шампион играше и полуфинале, но отсега ќе оди директно во финалето.

Борбата за светската круна ќе почне задутре кога ќе се сретнат шампионите на Азија и Австралија – Ал Аин и Оукленд Сити. Победникот од тој дуел на 29 октомври во Каиро ќе игра со египетскиот Ал Ахли, најдобриот тим во Африка, а на 11 декември мексиканската Пачука ќе игра против победникот од Копа Либертадорес кој е во тек.

Завршницата ќе се случи во Доха (Катар), каде што победниците од овие два дуели најпрво ќе играат помеѓу себе на 14 декември, а победникот од оваа пресметка четири дена подоцна ќе се бори против Реал Мадрид за пехарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани