Барселона вчера доживеа пораз на гостувањето кај Монако со 2-1, но Ханси Флик е оптимист и покрај стартот без бодови во новата сезона од Лигата на шампионите.
Трагичар на мечот беше голманот Тер Штеген кој имаше ужасна партија почнувајќи од црвениот картон на Гарсија за кој е виновен Германецот бидејќи го проигра во незгодна позиција иако имаше други опции.
Барселона од 11. минута играше со фудбалер помалку и тоа беше клучно за поразот.
„Многу сум горд на овој тим и голем оптимист сум. Треба да го прифатиме поразот, имаме уште седум меча до крајот и сигурен сум дека ќе се вратиме посилни“, рече Флик.
„Во соблекувалната имаше разочарување, но им реков дека треба да се опоравиме за неделниот меч со Виљареал“.
„Мислам дека немаше да биде ист мечот доколку имавме 11 играчи. Треба да го прифатиме црвениот картон, тоа не е во мој раце. Не можеме да го промениме тоа“.