Куп на Македонија: Вардар и Пелистер во осминафинале, Работнички испадна од третолигаш!

by 24 фудбал
1 минути читање

На програмата во мак-фудбалот беа натпреварите од првата рунда на Купот на Македонија, а во него падна еден голем скалп. Фаворитската улога ја оправдаа поголем дел од прволигашите, а елиминација доживеа Работнички.

Екипата на Вардар славеше на гостувањето во Новаци со 0-2. Стрелци за „црвено-црните“ од Скопје на овој меч беа Азер Омерагиќ во финишот на првото и Данел Донгмо во финишот на второто полувреме.

Минимална победа вредна осминафинале забележа Пелистер, откако славеше во Скопје против истоимениот тим со 0-1. Натпреварот на „Железарница“ го реши Вилдан Керим во вториот дел.

Изненадувачка елиминација доживеа екипата на Работнички, откако загуби со 2-0 на гостувањето кај Шкендија Арачиново. Третолигашот со головите на Љупчо Трпески и Емир Алији дојде до огромен успех елиминирајќи го прволигашот. Убедливи беа екипите на Шкупи во Џепчиште (0-8) и Шкендија во Битола кај Јени Маале (0-5), додека победи запишаа Силекс, Беса, Брегалница, Арсими, Брера…

  • Резултати од првото коло во Купот на Македонија:

Новаци – Вардар 0-2
Скопје – Пелистер 0-1
Шкендија Арачиново – Работнички 2-0
Џепчиште – Шкупи 0-8
Јени Маале – Шкендија 0-5
Борец – Детонит 0-1
Карбинци – Силекс 1-4
Кожуф – Арсими 1-2
Охрид – Беса 1-5
Слободен – Брегалница 0-6
Вардар Неготино – Брера 0-4
Слога Виница – Струга 1-6

На втори октомври ќе се одиграат уште три натпревари меѓу Победа и Гостивар, Беласица и Македонија ЃП, Башкими и Воска, додека Тиквеш е слободен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани