Проблем за Милан: Се повреди Мањан, а за него замената е 19-годишник

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Милан вчера беше поразена со 1:3 од Ливерпул во Лигата на шампионите, а дополнителен проблем за „росонерите“ е што голманот Мајк Мањан се повреди во овој дуел.

Во текот на првото полувреме можеше да се забележи дека Мањан често се држи за бутниот мускул, а на крајот и не успеа да го заврши натпреварот. Францускиот голман беше заменет во 51. минута кога на негово место влезе младиот 19-годишен чувар на мрежата Лоренцо Ториани.

Мањан имаше незгоден судир со дефанзивецот на „росонерите“ Фикајо Томори и тој помина полошо во таа ситуација.

Засега не е познато од каков карактер е повредата и дали се работи за нешто посериозно, но Мањан е неизвесен за дербито за викендот во кое Милан ќе се соочи со градскиот ривал Интер.

Натпреварот помеѓу градските ривали се игра в недела од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани