169
Ендрик со гол во судиското продолжение ја завери победата на Реал Мадрид над Штутгарт од 3-1 и испиша историја, стана најмладиот играч на кралскиот клуб кој постигнал гол во Лигата на шампионите.
Во акцијата од која го даде голот, сите мислеа дека ќе проигра некој од соиграчите, ги имаше Мбапе и Винисиус, но се реши да шутне од далеку и погоди.
„Знаев дека ги имам Килијан и Вини, но во тој момент најдобра опција беше да шутнам“, вели Ендрик.
„Многу сум среќен што сум во Реал Мадрид. Ова е тоа што го сакав цел живот“.