109
Денеска двајца од четворицата македонски фудбалери го почнуваат настапот во Лигата на шампионите, Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб му гостуваат на големиот Баерн Минхен.
Познати се и составите за овој натпревар, Стефан Ристовски е стартер на десната бековска позиција, додека Адеми од клупата ќе ја чека шансата.
Баерн Минхен е фаворит во овој меч, Компани има страшен тим, Динамо Загреб ќе се обиде да направи чудо на Алијанц Арената и да остане непоразен.