Вардар против Гостивар покажа дека може многу повеќе отколку што одигра во досегашниот дел од сезоната, мечот заврши 1-1, црвено-црните особено беа добри во второто полувреме.
Немања Босанчиќ имаше деби од соништата, постигна прекрасен гол од слободен удар со кој му донесе бод на Вардар.
„Во мечот влеговме со преголем респект кон Гостивар. Првото полувреме мора веднаш да го заборавиме, но играта во второто полувреме треба да ни биде рецепт како понатаму во сезоната. Ако играме така, ќе нема зима за нас. Задоволни сме со освоениот бод, иако пред мечот ги сакавме сите три. Гостивар е прилично добра екипа, така што мислам дека 1-1 е најреален исход“, изјави Босанчиќ.
Вардар денеска заминува во карантин со цел во мирна атмосфера да се подготви за утрешниот куп натпревар против Новаци кој го игра на гостински терен.