Во Атлетико останале шокирани, мајката на Рабио им кажувала каде треба да игра нејзиниот син

by bojan
1 минути читање
Рабиот

Агентот Бруно Сатин вели дека Адриен Рабио ќе играл во топ 10 клуб од Европа доколку за неговата кариера се грижел професионален агент, и откри интересна приказна поврзана со Атлетико Мадрид.

Адриен Рабио по пет години во Јувентус, изминатово лето го напушти Торино откако побара многу пари за да ја продолжи верноста со „бјанконерите“.

Но очигледно Французинот се прецени, па не доби ниту една понуда од најголемите клубови ширум Европа. Неговата трансфер сага сепак заврши минатата недела, фудбалерот од средниот ред прифати да игра за двојно помала плата во Марсеј.

Во разговор со РМЦ, агентот Бруно Сатин прстот го впери во мајката на Адиен Рабио, која се грижи за кариерата и често има нереални барања.

„Ситуацијата на Рабио е резултат на тоа што е опкружен од неспособни луѓе. Тој е советуван од неговата мајка, и ова е доказ што значи да имате агент покрај вас. Доколку тој беше советуван од професионалец, сега ќе играше во топ 10 клуб од Европа“ – вели Бруно Сатин.

„Разговарав со спортскиот директор на Атлетико Мадрид на крајот од јули и тој ми рече, „Одржав две средби со неговата мајка и не ми се веруваше кога таа почна да ми објаснува каде нејзиниот син треба да игра, па веднаш ги прекинав преговорите“. Очигледно не може вака да се однесувате со луѓе кои долги години се во фудбалот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани